Марија Рашковска на местото на Ѕинго во Собранието

Од:

Марија Рашковска од ВМРО-ДПМНЕ ќе го наследи лидерот на Социјалистичката партија Љубисав Иванов – Ѕинго на пратеничкото место во Собранието, по неговото повлекување од функцијата.

Извештајот на Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот од мандатот со кој се утврдува Рашковска за наследник на местото на Иванов во вторник ќе биде разгледуван на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Рашковска е родена 1984 година во Берово. Дипломирала политикологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Пратеничката функција ја извршуваше и во периодот 2008-2011 година.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска