Марихуана, пиштол, куршуми и пари пронајдени при претрес во дом на скопјанец

Од:

Вчера, во 15.50 часот, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 28-годишниот Х.С. од Скопје, информира МВР.

Како што соопштува Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголемо количество марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана, пиштол „чешка збројевка“ и рамка за пиштолот калибар 6,35мм, 25 куршуми и поголем број на банкноти во разни апоени.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи