Маричиќ: Отворените листи на локалните избори ќе бидат тест за парламентарните

Од:

Отворените листи на локалните избори ќе бидат тест за наредните парламентарни избори, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешниот брифинг со новинарите.

Тој посочи дека се планира до април наредната година, односно шест месеци пред локалните избори, да бидат усвоени измените во Изборниот законик што се однесуваат на отворените листи.

Европската унија, како што рече министерот, инсистирала да не се менуваат правилата на игра непосредно пред одржувањето на локалните избори.

Изборниот законик, додаде Маричиќ, останала незавршена тема на претходното мнозинство, бидејќи немало политичка волја за една изборна единица.

Министерот за правда вчера на прес-конференција истакна дека ќе работи на измените Изборниот законик со кој ќе се воведе принципот на отворени кандидатски листи уште при првите наредни локални избори наредната година.

-Директниот избор ќе значи поголема врска на избраните претставници со нивните сограѓани, рече министерот Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on