(ВИДЕО) Маричиќ: Неопходен е Закон за воена и вонредна состојба

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, се осврна на потребата од носењето на посебен Закон за воена и вонредна состојба. Министерот кажа дека глобалната пандемија претставува сериозна закана и за демократските вредности и човековите права.

– Најзначајните прашања кои треба да се уредат во законот се начинот на прогласување на вонредната состојба, улогата на Собранието, времетраењето и правното дејство на уредбите, како и карактерот на уредбите, односно допрецизирање – што треба, а што не треба да биде предмет на владините уредби, рече Маричиќ.

Во Министерството за правда веќе е формирана работна група од еминентни експерти и академската заедница, кои во наредниот период ќе работат на подготовка на Нацрт-закон за воена и вонредна состојба. Маричиќ истакна и дека Министерството за правда изработило и Анализа на искуствата на институциите за време на вонредната состојба и уредбите со законска сила.

Според министерот при регулирањето на ова прашање, потребно е да се земат предвид компаративната анализа на законодавството на земјите од регионот и другите држави членки на Европската унија, Анализата на Министерството за правда и искуствата од другите државни институции, академската заедница, како и граѓанскиот сектор.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on