Маричиќ негира дека тој го забранил интервјуто со Боки 13: Управата така одлучи

Од:

Министерот за правда во заминување, Бојан Маричиќ побарал од Управата за санкции повеќе да не го информира за тоа дали има барања за интервјуа со Бојан Јовановски-Боки 13, иако претходно, тоа било пракса. Па така, не знае дека од „А1он“ се бара интервју со полиграфско тестирање. Немаше конкретен одговор, дали и како Јовановски кој издржува затворска казна за „Рекет“ може да влијае на судскиот процес „Меѓународен сојуз“ кој е во фаза на судење, а не истрага или предистрага.

„Комуникациите се ограничени за да не можат да влијаат. За тоа проценката ја дава директорот на затворот и Управата. Јас стварно со тоа немам ништо. Како одлучат тие, така“, вели Маричиќ на прашањето дали притворено лице може да влијае на предмет кој е во фаза на судење.

Иако за судските предмети, мерки на претпазливост поради влијание одредува судот, на прашањето од „А1он“ до министерот за правда во заминување, Бојан Маричиќ, за тоа, кога има судска постапка во тек, кој одредува мерки на лицата кои се обвинети, Управата за санкции или судечкиот судија, a тој кажа: „Зависи за што зборуваме, има различни права. Самиот факт што некој е во затвор или во притвор, тоа значи дека има посебен режим на комуникација. Немам дополнителен коментар на ова“.

Тој посочи дека не бил информиран за причините поради кои беше одбиено првото барање за интервју со Јовановски.

„Не ги знам причините. Знам дека имаше серија на барања, реков проценете и одговарајте, не мора ни да ми кажувате“, рече Маричиќ, па прашан зошто сега се одлучил да не му кажуваат, ако тоа било пракса, тој додаде: „Затоа што во еден ист период, од десет медиуми дојдоа барања..“.

Маричиќ е дециден дека одлуката ја донела Управата за извршување санкции, а не тој како министер кој бил информиран за барањето.

„Откако сте поставиле прашање, кога дознав дека сте поставиле прашање, а тоа го дознав од Управата и Управата ми кажа дека има намера да ве одбие затоа што нивната проценка е таква. Јас можам само да се согласам со нив бидејќи е нивна проценката“, кажа Маричиќ.

„Не ми кажаа кои се причините. Јас ги прашав дали направиле проценка тие рекоа дека направиле. Слободно обратете им се на писмено“, рече Маричиќ а по укажувањето дека тоа сме го направиле и немаме одговор, тој додаде: „Е па добро, не можам за другите да одговорам, навистина не е коректно. Мислам дека треба они да си кажат каква е проценката. Тоа се деликатни работи, за кого и да се работи. Ова не е прво барање сега, не баравте само вие, туку десетина медиуми“.

Бојан Јовановски-Боки 13 прифаќа, но Управата за извршување санкции не дозволува тој да даде интервју со сите детали за случајот „Рекет“ и за обвинувањата кои ги пласираше во јавност. Упати уште едно барање за интервју со Бојан Јовановски-Боки 13 со експерти од странство за полиграфско тестирање кои ќе ги обезбеди „А1он“. Истото, засега е во фаза на разгледување.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери

Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада

Американскиот помошник-државен секретар О`Брајан пристигна во Скопје

Маричиќ за изјавата на Габриел: Освен внесувањето на Бугарите во Уставот, други услови нема

Орце Костов