Маричиќ: На Денот на правосудството добивме уште еден охрабрувачки Извештај за состојбите со човековите права на САД

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска на судиите и обвинителите, адвокатите, претставниците на правосудниот сектор, во видео обраќање им го честита Денот на македонското правосудство, посакувајќи им успешна работа за која, како што вели, верува дека ќе резултира со јакнење на правната држава и зголемување на довербата на граѓаните во правосудните институции.

-Со почетокот на пандемијата и судството се соочи со бројни тешкотии, а клучниот предизвик кој излезе на виделина е потребата од воведување на современа информатичка технологија во работата. Тоа беше нашиот главен мотив преку законски измени и набавка на опрема да воведеме онлајн судење и дигитализација на македонските судови. За таа цел се предвидува модернизација на над 100 судници во државата. Имаме заедничка мисија да ги унапредуваме човековите права, да градиме независен и непристрасен правосуден систем базиран на европските вредности за владеењето на правото, да ја зголемиме ефикасноста, етичноста и транспарентноста на судовите и обвинителствата, вели Маричиќ.

Реформите во правосудството, како што нагласува министерот, се врвен приоритет, не само за Министерството за правда и Владата, туку и за целото општество.

-Никогаш како досега не се говори за постепено враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и испорачувањето на правдата. Во таа насока и Судскиот совет започна да спроведува динамична проверка на работата на судиите, а тој процес веќе ги дава првите резултати. Свесен сум дека реформите во превосудството не се ни брзи ни едноставни, но тој пат мораме заедно да го изодиме, решително и непоколебливо доколку сакаме силна, модерна и пред сè правна државата, истакнува Маричиќ.

На Денот на македонското правосудство, како што посочува министерот Маричиќ, добивме уште еден охрабрувачки Извештај за состојбите со човековите права на САД, каде е наведено дека Владата демонстрирала поголема почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години. – Ова е уште еден доказ дека тоа што го работиме дава и ќе дава резултатие, додава Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија

Извештај на Стејт департментот за почитување на човековите права во С. Македонија во 2020 година

Ана Ололовска

Димитров: Крајната цел – општество во служба на граѓанинот со еднакви можности, без дискриминација

Ана Ололовска

Човековите права во време на пандемија –централна тема на грчкото претседателство со Советот на Европа

А1он

Судот во Стразбур пресуди во полза на сопствениците на станови исклучени од централното греење

Ана Ололовска

Пресуда на ЕСЧП против С. Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби

Ана Ололовска