Македонските адвокати отсега може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс, објави утрово на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.
Посочува дека досега, како македонски адвокат не постоеја никакви можности да се работи како адвокат (solicitor) во Велика Британија.
-По иницијатива на македонски адвокати од Брисел упатена преку Адвокатската комора на Северна Македонија до адвокатската комора на Англија, македонските адвокати може да се квалификуваат за адвокат по скратена постапка и само со трансферен испит. Повеќе информации може да се добијат во Адвокатската комора на Северна Македонија, како и Комората на Англија и Велс. Благодарност до Александар Ивановски, Ирина Тричковска и Адвокатската комора на Северна Македонија, напиша на ФБ министерот Маричиќ.