Маричиќ-Јовески: Поддршка за кадровско зајакнување на ЈО за поефикасна борба против корупцијата

Од:

Спроведувањето на Законот за Јавното обвинителство и Законот за Советот на јавните обвинители беше главната тема на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Како што информираат од Министерството за правда на средбата се разговарало за потребите на Јавното обвинителство и зајакнување на кадровските капацитети што би довело до подобрување на ефикасноста во постапувањето по предметите.

-Министерот Маричиќ истакна дека придобивките од новиот Закон за Јавното обвинителство се веќе видливи, алудирајќи на започнатата постапка за избор на пет нови обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Потенцираше дека кадровското зајакнување со стручни соработници за секој јавен обвинител ќе биде вистински ветар во грб и ќе овозможи поефикасна борба против корупцијата, како еден од најгорливите проблеми на нашето општество и истакна дека очекува беспоштедна борба против криминалот и корупцијата, соопштија од Министерството.

Маричиќ и Јовески разговарале и за донесувањето на подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за Јавното обвинителство, а кои, според Министерсвото, се мошне значајни и се однесуваат на постапката и критериумите за оценување на обвинителите.

Би можело да ве интересира

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама