Маричиќ и Нухиу го повлекоа списокот за помилување на затвореници

Од:

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, го повлекува списокот со предлогот за помилување, на кој се најдоа осуденици како Сеад Кочан, Александар Василевски-Нинџа, Бобан Илиќ. Маричиќ испрати допис до претседателот Стево Пендаровски во кој посочува дека целокупниот материјал мора да биде повторно разгледан. На социјалните мрежи се огласи и заменик-министерот Агим Нухиу, кој информираше за одлуката.

„Ја информираме пошироката јавност дека иницијативите за помилување покренати од Управите на затворите се повлечени од страна на Министерството за правда. За каузата на правдата ние секогаш ќе дејствуваме!“, напиша Нухиу.

Сега, според информациите, ќе се прават дополнителни консултации со управите на затворите, каде затворениците и нивните адвокати бараа помилувања. Првиот список на затвореници до Кабинетот на претседателот е доставен пред десет дена.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно го помилува Ден Вилсон, учесник во немирите во Капитол во 2021 година

Вучиќ ги помилува активистите на СНП осомничени за тепање на неколку студенти во Нови Сад

Горан Наумовски

Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување

Горан Наумовски

Колективна оставка на членовите на Комисијата за помилување

А1он

Мицкоски: Случајот со помилувањето е кукавичко јајце оставено од претходната Влада

А1он

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко-босови