Маричиќ и Бертолини разговараа за преговорите со ЕУ и отворањето на Поглавјето 23

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, Никола Бертолини.

На средбата се дискутираше околу активностите на Министерството за правда и процесот на подготовки за почетокот на преговорите и отворањето на Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

Маричиќ истакна дека Министерството за правда цели кон максимално искористување на компонентата за владеење на правото и правосудство за да се постигне максимален ефект во трансформацијата на Северна Македонија.

Тој потенцираше дека поддршката од Европската Унија е мошне значајна за европеизација на државата и се заблагодари за помошта во името на граѓаните на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on