Маричиќ-Габер: Академијата за судии и јавни обвинители ќе биде носител на промените во правосудството

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска.

На средбата се разговараше околу подготовките на Академијата за судии и јавни обвинители и започнувањето на обуката на VII генерација слушатели на Академијата, која оваа година ќе се одвива во услови на Ковид-19.

Како што информираат од Министерството за правда, на средбата се дискутираше и околу новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е исклучително важен закон за владеењето на правото и независноста на правосудните органи, имајќи предвид дека Академијата за судии и јавни обвинители е портата за влез во правосудството.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека станува збор за суштински значаен закон кој треба да овозможи влез на нова и силна генерација на слушатели на Академијата која треба да биде носител на промените во правосудството.

Со директорката Габер, министерот Маричиќ дискутираше и околу подобрување на функционалноста на Академијата за судии и јавни обвинители и создавањето посовремени услови за слушателите на обуката.

Основна цел на Законот е ревидирање на начинот на селекција и полагање на приемниот и завршниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за проценка на знаењето на кандидатите.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on