Маричиќ – Бомгартнер: Франција е подготвена да помогне во реформата на правосудството

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ се сретна со Сирил Бомгартнер, новиот амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија. На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се разговарало за продлабочување на соработката на двете земји во делот на правосудството, но и француската помош во однос на европските интеграции на земјава.

-Министерот Маричиќ, во светло на случувањата околу очекуваниот почеток на преговорите за членство во Европската Унија, на амбасадорот му кажа дека Владата изминатите години многу вложила за подобрување на односите со соседната земја и бугарскиот народ, се наведува во соопштението.

Маричиќ истакнал и дека новата методологија за преговори која беше направена токму по француска иницијатива е добра можност низ преговарачкиот процес да се направи голема трансформација на државата. Министерот Маричиќ го запознал Бомгартнер и со сите чекори кои ги презема Министерството за правда со цел подобрување на етиката, одговорноста и транспарентноста на целиот правосуден систем.

– Сите идни чекори кои ќе ги преземеме за подобрување на работата на правосудството сакаме да се во координација со нашите европски партнери. Дополнително и оние промени кои сега ги правиме исто така се во тесна соработка со ЕУ, истакнал Маричиќ.

Бомгартнер понудил техничка, финансиска и институционална помош за забрзување на процесот на реформи во правосудниот систем. Двајцатасоговорници се согласиле ваквите средби да продолжат и во иднина и да има поинтензивна соработка за прашањата кои се во надлежност на Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“