Маратонецот Поп-Ацев на прием кај Жерновски

Од:

Евгениј Поп-Ацев, првиот Македонски победник на Охридскиот маратон, денеска беше примен од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Zernovski - Pop-Acev (5)

Од најдобриот маратонец, еден медал, како подарок за градоначалникот, а од Жерновски, честитки, поддршка и ветување дека општина Центар и тој како градоначалник, го поддржувала и натаму ќе го поддржува Поп-Ацев во неговите успеси.

Zernovski - Pop-Acev (4)

Следниот голем предизвик на Поп-Ацев е октомврискиот Светски Куп во Кина и на денешниот состоанок, градоначалникот Жерновски му соопшти на маратонецот Поп-Ацев дека општината ќе ги покрие патните трошоци.
Соработката и помошта ќе биде континуирана и ќе влезе во програмата на општината за 2016-та. А, дека 26-годишниот стоматолог, по професија, а “доктор“ по маратонско пливање, Евгениј Поп-Ацев ова го заслужува говорат и фактите.

Zernovski - Pop-Acev (3)

Македонскиот маратонец е прв на Гран При серијата на Светското првенство. На маратонот во Капри тој го освои второто место, а на светското првенство во пливање во Русија, беше 14-ти, што е најголем успех на Македонија досега.

Поп-Ацев плива од својата 9-та година, тренира напорно 10 до 11 пати неделно, а вели, за друго нема многу време.

Zernovski - Pop-Acev (2)

На младите им порача повеќе да спортуваат, затоа што секој спорт е добар, а пливањето е еден од најдобрите.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски