Марачков: Доста беше насилство во Гевгелија

Од:

Кандидатот за градоначалник на Гевгелија од редовите на Сојузот за иднината Саве Марачков, се обрати пред граѓаните.

На половина Гевгелија и ја исклучија струјата, а Франгов вели дека никогаш Гевгелија посветла не била. За овие 4 години се тепавте кој повеќе ќе стави во џеб, а сега почнавте да тепате и по улици, кој ви даде право да се заканувате и да тепате, не барајте нов мандат, доста ви беше, време е, ајде одете си, рече тој.

Господине Франгов што од твоето владеење остана непродадено во Гевгелија, дали знаеш дека од првиот мандат на СДСМ, Гевгелија обезбеди странски инвестиции од 9,7 милиони евра, вашата политика е да се зема, а не да се дава, доста ви беше одете си!

Затоа почитувани ја барам вашата поддршка за повторно Гевгелија да ја вратиме на вистинските патеки и да ни тргне напред, да ја вратиме довербата на европските пријатели и да отвориме нови фабрики и погони.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме