А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МАНУ: Иванов му зададе удар на уставниот и правниот поредок на Република Македонија

by А1он18/04/2016 - 17:00113
Share0

Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите преку соопштение изрази загриженост за состојбите во Македонија и ги ги повика партиите потписници на Договорот од Пржино, со посредство на неговите гарантори – претставниците на ЕУ и САД, итно да се вратат на политички дијалог за завршување на неисполнетите обврски од Договорот.

Добивај вести на вибер

– Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите изразува крајна загриженост за неодговорноста на потписниците на Договорот од Пржино при неговото доследно спроведување, како единствен излез од тешката криза и за влошувањето на состојбите во Република Македонија до степен со кој се доведени во прашање нејзините витални интереси, се вели во пишаното обраќање до јавноста.

Од МАНУ оценуваат дека Претседателот на државата, наместо да настојува доследно да се спроведува Договорот од Пржино, со донесувањето на одлуките за аболиција, велат, му зададе удар на уставниот и правниот поредок на Република Македонија и на Договорот од Пржино со што уште повеќе ја продлабочи кризата.

– Поради тоа, Претседателството на МАНУ инсистира на повлекување на одлуките за аболиција, стои во дописот од претседателството на Академијата.

Воедно, се посочува на последиците од неимпелметацијата на Договорот од Пржино.

– Претседателството на МАНУ смета дека единствен излез од оваа состојба и мирно разрешување на кризата, нуди Договорот од Пржино. Затоа, Претседателството на МАНУ ги повикува потписниците на Договорот, со посредство на претставниците на ЕУ и САД, кои учествуваа во Договорот, итно и без одлагање да се вратат на политички дијалог за завршување на неисполнетите обврски од Договорот. Со тоа ќе се создадат услови за слободни и демократски избори, за непречено функционирање на Специјалното јавно обвинителство и за независни медиуми.Без исполнување на овие обврски на Република Македонија и се заканува меѓународна изолација со сите катастрофални последици што произлегуваат од неа, се посочува во обраќањето од Претседателството на МАНУ.

ivanovmanu

Би можело да ве интересира

Попов: Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование

Горан Наумовски10/10/2025 - 14:22

Камбовски: Прашањата поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамниште на вето и условувања за членство во ЕУ

Горан Наумовски15/09/2025 - 14:20

Грозданов: Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот

Горан Наумовски17/07/2025 - 12:43

Грозданов: Предлог стратегијата на МАНУ за минерални суровини наместо визија за иднината, создава конфузија

Катерина Ѓуровски01/07/2025 - 13:21

Академик Фити: Има серозни индикации и испитувања дека субвенциите не даваат соодветни резултати

Горан Наумовски18/06/2025 - 11:52

Грозданов: Наместо стратегија за развој, МАНУ испорача исполнување на желби на поединци

Катерина Ѓуровски30/05/2025 - 14:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен