Мансиевски: Филипче да излезе од дупката во која се крие и да одговори на јавноста за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза и за пресудата за Модуларна болница

Од:

Одморот на Филипче во Дубаи, кој го помина заедно со неговиот ментор Заев, во увид на градежни активности на 50-катницата и забава со Харис Џиновиќ, на којашто веројатно ги трошеле заработените милионски суми од акциите во индиската авиокомпанија, го збунија Филипче и го оттргнаа од реалноста во која не доведоа токму тој и неговиот ментор, Заев, рече на прес конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Филипче се појави на прес-конференција во понеделникот, на којашто изнесе премногу лаги и манипулации во јавноста, и одлучи повторно да го снема.Филипче нека остане смирен на овој историски ден за Македонија, каде што во Лондон се потпишува стратешкиот договор со Обединетото Кралство, кое ќе донесе инвестиции над 6 милијарди евра, а нема да донесе мигранти. Да беше Филипче на власт, или можеби неговиот ментор Заев, не само што немаше да имаме стратешки договор, туку и да го имавме, ќе беше ограбен, криминален и корумпиран. Тендерите ќе се делеа на браќа и братучеди, на партиски коалиции, ќе се оштетуваа Буџети, а народот ќе го плаќаше истото, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат