Александар Маниќ досегашниот закупец на базенот„ Бисер“ во населбата Аеродром, денеска потврди дека базенот му е одземен и предаден повторно на АРМ.
Базенот му е одземен поради наводно нечистата вода која ја проценил некој офицер од око, иако сите анализи на РЗЗЗ покажувале дека таа е за пиење и е чиста.
Маниќ не сакаше да одговори дали бил рекетиран и имал непристојна понуда да го задржи базенот, но сепак околу целата работа со одземањето на базенот повторно ја спомна „бизнис олигархијата на Вечер“ на која и посочи дека базени има и во Сарај и во Чичино село.
„Нека одат таму, а не мене да ми праќаат посредници што треба да направам за да останам на базенот“, рече Маниќ.
Повеќе од видеото.