Манифестацијата „Возете велосипед“

Од:

Градот Скопје и Велосипедската федерација на Македонија утре под мотото „Возете велосипед“ организираат промотивно возење со велосипед низ центарот на Скопје.

Манифестацијата ќе започне во девет часот на плоштадот „Македонија“ и велосипедистите ќе возат по улица Димитрие Чуповски, булевар Свети Климент Охридски, десно по булевар Партизански Одреди, десно по булевар Мито Хаџивасилев Јасмин, лево по улица Никола Кљусев (поранешна Максим Горки) до плоштадот „Македонија“.

На манифестацијата ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Целта на оваа манифестација е промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство, чие масовно користење има голем број на позитивни продобивки – еколошки, здравствени и финансиски. Градот Скопје и Велосипедската федерација на Македонија ги повикуваат сите заинтересирани
граѓани и здруженија да се приклучат на овој промотивен настан.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош