Манифестација „Сите на велосипед“

Од:

Масовна велосипедска манифестација „Сите на велосипед“ е најавена денеска во Скопје, како дел од кампањата „Мај – месец на велосипедистите“.

Планирани се повеќе велосипедски тури кои ќе почнат од различни локации на територијата на Скопје, а ќе завршат во Градскиот парк. Учесници се членови на велосипедски клубови од Скопје, ученици од средни скопски училишта и други граѓани.

Кампањата ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Град Скопје и Велосипедската федерација на Македонија.

Целта е да се промовира велосипедизмот, подигање на јавната свест за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот и подобрување на знаењата на македонските средношколци од областа на сообраќајот и вештините за управување велосипеди.

Велосипедистите се меѓу најранливите учесници во сообраќајот, а нивната безбедност се влошува, покажува статистиката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од почетокот на годинава  во Македонија загинал  еден  велосипедист, а 29 се повредени. Лани од вкупно  198 загинати во сообраќајот, 11 биле велосипедисти, а 302 биле повредени. Во 2012 се регистрирани 13 жртви велосипедисти и 365 повредени.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини