Манифестација „Го градам мојот град“

Од:

Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град“, посветена на предучилишните установи, а во чест на 13 Ноември, Денот на ослободување на  Скопје.

Манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење за градот во кој живеат.

Секоја предучилишна установа ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот кој се гради е по избор на децата и нивните воспитувачки, како и градежниот материјал што ќе го користат (коцки, цртежи, природни материјали, како лисја, дрвца).

За градинките учесници на оваа манифестација предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка.

Би можело да ве интересира

Скопје одбележува 80 години од ослободувањето

79 години ослободувањето на Скопје

Катерина Ѓуровски

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“

Доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје

Ана Ололовска

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето

Ана Ололовска

Соопштени добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2021 година

А1он