Манекенката Билјана Јаневска е нов секретар на ЛДП во Карпош: „Се ми е како сон“

Од:

Манекенката Билјана Јаневска е избрана за нов генерален секретар на Либерално Демократската партија во Карпош.

„Почитувани пријатели, на моја огромна чест и задоволство, од денес сум именувана за нова генерална секретарка на ЛДП во Карпош! Почнав со голем кикс за локалните избори, но ЛДП како прогресивна и транспарентна партија ми даде шанса да се покажам и докажам со напорна работа. И благодарам на претседателката Моника Зајкова, му благодарам на генералниот секретар Боби Мојсоски, на сите членови во извршен одбор за довербата.

Да, за Европска Македонија! Се ми е како во сон !Благодарам од срце ! Да живее ЛДП ! Од Јас нема шанси да се бавам со политика, до ЛДП мојата најголема пасија ! Со срце за КАРПОШ !“, објави Јаневска на Фејсбук.

LDP

Јаневска речиси две години работи во Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“ како референт за техничка документација во Одделението за техничко одржување и безбедност и здравје при работа. Таа е дипломиран инженер по менаџмент за еколошки ресурси и магистер по управување со отпад.

Јаневска стана позната по јавноста работејќи како модел ангажиран на ревии, во реклами, насловни страници. Врв на нејзината кариера како манекенка е наградата за прва придружничка за Мис модел туризам во светот. На престижниот избор освои три титули за убавина во три различни категории.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови