Манчевски: За Музејот на ВМРО се потрошени екстра 10 милиони евра

Од:

Основниот договор за Музејот на ВМРО од 4,5 милиони евра е надграден и проширен со дополнителна серија на анекс-договори во вредност од неверојатни 10 милиони евра. Тоа е само еден пример за тоа како преку проектот „Скопје 2014“ на сомнителен начин се испумпуваат милионски суми евра народни пари, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

– Замислете, за овој Музеј во кој главен елемент треба да бидат восочни фигури, тие не биле предвидени во основниот договор, па затоа дополнително било потребно да се потрошат уште 2,5 милиони евра со анекс на договор. Освен што не биле предвидени восочни фигури, не биле предвидени ниту основен проект, сценографски елементи, ентериер, мебел, осветлување, идеен проект и еден куп непредвидени работи во висина од околу 8,5 милиони евра. Згора на сè, потребни биле уште милион евра за довршување на објектот и уште половина милион евра за „дополнителни непредвидени работи“ – вели Манчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ