Манчевски во Сараево: Нема да дозволиме Иванов и Груевски за лични интереси да го спречат формирањето на новата Влада!

Од:

Потпретседателот на СДСМ и пратеник, Дамјан Манчевски учествува на Регионалниот Форум за Лидерство – Интегритет на политичките партии (Regional leadership Forum for SEE parties Political Party Integrity) во организација на Националниот демократски институт, којшто се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

-За да постои интегритет на политичките партии потребно е пред `се тие да бидат водени од политичари со интегритет. Она што и се случува на Македонија во моментов како политичка криза е резултат на тој недостаток од интегритет. Пример е вршителот на должноста претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, кој се обидува да ги суспендира демократските процеси и волјата на околу 700.000 граѓани само за да го спаси Никола Груевски од одговорност. Или друг пример е Никола Груевски кој за свои интереси сака да ја продлабочи политичката криза. Но нема да дозволиме да ги блокираат демократските процеси и да ја загрозат индината на граѓаните и на државата. Демократските процеси мора да продолжат, Македонија мора да оди напред и волјата на граѓаните мора да се испочитува до крај. Ќе се формира новата реформска Влада, рече меѓу другото во своето обраќање потпретседателот на СДСМ и пратеник, Манчевски.

На форумот во Сараево главни теми на коишто се разговара се предизвиците со коишто се соочуваат партиите како што транспарентноста, менаџерињаето со човечки ресурси и кампањи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски