Манчевски: Советниците на премиерот ги бира самиот тој, нивниот број е значително помал од порано

Од:

Советниците на премиерот ги бира самиот тој. Нивниот број е значително намален за разлика од порано, а некои од нив се ангажирани без никаков финансиски надоместок, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање околу најновиот список за ангажирање на 56 советници во Владата, министерот Манчевски рече дека во овој случај воопшто не се работи за администрација, туку за советници на премиерот.

– Надоместокот којшто се договорил за Џезерир Шаќири е договорен меѓу него и Кабинетот на премиерот така што нема ниту нешто чудно во ова, ниту е тоа нова пракса. Напротив значително е намален бројот на советници и за разлика од порано кога советниците биле многу повеќе плаќани, сега некои од нив, работат без никаков финансиски надоместок, истакна Манчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма