Манчевски: 10 милиони евра за Музејот на ВМРО

Од:

„Скопје 2014“ ќе остане запаметен како најкриминалниот чин на испумпување на стотици милиони евра народни пари во приватни џебови, изјави на денешната пресконференција, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

„Вчера Ви презентиравме само еден договор кој говори за криминалот околу т.н. Музеј на ВМРО. Денес ќе Ви презентираме детално се.

Според достапните податоци вредноста на основниот договор за изградбата на Музејот е 4,5 милиони евра. А оваа папка почитувани, се само известувањата од Бирото за јавни набавки за 113 договори, во вредност од фантастични 10.221.012 евра.

Само колку за споредба и илустрација колку расипнички е целиот проект „Скопје 2014“ говори фактот дека на пример вкупната вредност на Музејот на холокаустот, во непосредна близина на Музејот на ВМРО чинел вкупно 5 милиони евра.

Доколку Груевски само малку имаше обзири, наместо сегашниот прескап објект за Музејот на ВМРО, ќе изградеше исто така репрезентативен но поскромен објект. Разликата на народни пари, ќе можеше да се искористи на пример за: ново средно училиште во населбата Аеродром; нов мост помеѓу Карпош и Ѓорче Петров или изградба на канализација во населбата Градинар во Кисела Вода“, рече Манчевски.

tabeli-mancevski tabeli-mancevski1 tabeli-mancevski2 tabeli-mancevski3

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните