Манчевски: Се бориме за иднина на младите тука, за нов пат на Македонија

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски заедно со членовите на Извршниот одбор на партијата, Пеце Мирчевски и Максим Димитриевски вчера беа помеѓу граѓаните на скопската населба Аеродром.

Манчевски на средбите со граѓаните рече дека СДСМ  се бори за иднина на младите тука, во нивната родна земја, се бори за нов пат на Македонија.

D.Manchevski f1

Секој изминат ден со ВМРО-ДПМНЕ и прави штета на Македонија и нејзината иднина. СДСМ сака избори што е можно побрзо, но, мора да бидат исполнети условите за фер и демократски избори, регулација на медиумите и прчистен избирачки список. Не фантомски гласачи, туку вистински. Не фантомска волја туку слободно изразена волја на граѓаните. Никола Груевски не сака слободни, фер и демократски избори затоа што знае дека ќе ги изгуби, рече Манчевски во Аеродром.

„Жителите револтирани од пропагандата на провладните медиуми, скапо платена со пари на граѓаните, коишто постојано шират невистини и ја кријат катастрофалната релност“, пишува во соопштението на СДСМ.

D.Manhevski f5

СДСМ има мерки коишто ќе ги вратат парите кај граѓаните, мерки што ќе го стимулираат претприемништвото и домашните бизниси за нови вработувања а не експлоатирање на работниците, рече потпретседателот Манчевски.

SDSM, Aerodrom, 04.02.2016

СДСМ има тим, има знаење, има решенија. Младите ќе бидат во фокусот на Владата на СДСМ. Еднакви шанси за сите, вработување според образованието и квалификациите а не партиската книшка. Се обврзуваме на целосна департизација за образование, млади луѓе да имаат еднакви шанси, истакна Манчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните