Манчевски прогласен за Национален уметник

Од:

На предлог од Кинотека на Македонија, министерството за култура денеска го прогласи познатиот македонски и светски режисер Милчо Манчевски за Национален уметник.

Од 2012 година па до крајот на животот, секој месец Манчевски ќе добива финансиски надомест од 60 илјади денари од државата.

Министерката Канческа-Милевска рече дека тој ги исполнува критериумите утврдени со Законот за Национален уметник затоа што целокупниот негов ангажман е промоција на Македонија и македонското филмско творештво не само кај нас туку и насекаде во светот.

Оваа титула согласно Законот ќе му биде доделена на 8 Септември од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Министерката за култура додаде дека критериумите за титулата Национален уметник не се строги и не се неостварливи:

„Навистина ми е драго што годинава Манчевски е добитник на оваа титула“, изјави таа.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

„Матица“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од Зорана Шулц – продолжението на „Вкусот на гревот“ на македонски

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“