(ВИДЕО) Манчевски: Поскапувањето на струјата можеше да биде избегнато

Од:

„Македонија се соочува со серија на поскапувања на основните животни потреби. Поскапувањето на електричната енергија, верижно може да предизвика и поскапување на други производи и услуги.

Владата сака да прикаже дека поскапувањето на струјата е минимално и дека можело да биде поголемо по делумната либерализација на пазарот. СДСМ тврди дека не е потребна корекција за 3,47% на цената на струјата, имајќи ги во предвид следните факти:

– Во периодот од 2007 до 2013, просечното годишно производство на електрична енергија на АД ЕЛЕМ е намалено за 7,57% во однос на периодот од 2003 до 2006 година.

– Во периодот од 2007 до 2013, просечниот годишен увоз на електрична енергија за македонските потрошувачи е зголемен за 60,02% во однос на периодот од 2003 до 2006 година. По години овие податоци Ви ги претставуваме во следната табела:

Tabela 1

– Во 2013 година ЕЛЕМ има катастрофално ниско производство, особено во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, иако овие две термоцентрали беа модернизирани и реконструирани.

– Голем проблем претставуваат и постојаните испади на блоковите во РЕК Битола, што покажува дека реконструкцијата била катастрофално изведена. За прв пат после долги години среде август ќе се прават ремонти на два блока во Битола. Тоа ќе предизвика дополнителен увоз на струја за регулираниот пазар.

– Со либерализацијата на пазарот на електрична енергија, потребите на тарифните потрошувачи во 2014 година се намалени за 15% во однос на 2013. Наместо увозот да се намалува во 2014 година, се случува спротивното, односно увозот на електрична енергија за регулираниот пазар во 2014 година ќе биде поголем“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

„Ќе цитирам дел од експозето на Никола Груевски од 2008-ма година:

„За намалување на енергетската зависност на Македонија и зголемување на производството на електрична енергија ќе следат интезивни вложувања во нови енергетски објекти“.

Каде се тие нови енергетски објекти? Енергетски капацитети нема. Македонија е зависник од увоз на струја.

Неинвестирањето во капитални енергенски објекти и либерализацијата на пазарот на електрична енергија ја зголемува потребата од увозот на електрична енергија. Дополнително се трошат милиони евра на барокни фасади на ЕЛЕМ и МЕПСО. Последниве две години се регистрирани превработувања во овие енергетски компании.

СДСМ најодговорно смета дека ова поскапување можеше да биде избегнато. Ние имаме целосно спротивен концепт за енергетската политика. Наместо поскапување, во нашата програма, имаме предвидено враќање на ефтината тарифа за електрична енергија“, рече Дамјан Манчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ