Манчевски: Новиот директор на „Водовод“ бил кривично гонет за телесна повреда

Од:

Советникот од СДСМ Дамјан Манчевски во Град Скопје, на денешната седница во градското собрание го праша градоначалникот, Коце Трајановски, по кои критериуми се избрани новите директори на ЈСП и јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Новиот директор на „Водовод“, Александар Атанасов, рече Манчевски, бил осуден за телесна повреда и фирмата со која управувал во минатото ја довел до стечај.

– Зошто се сменија директорите? Градоначалникот до сега требаше да ни даде некаква анализа или барем причина. Двајцата директори беа разрешени без никакво образложение. Врз база на кои критериуми ги избравте новите директори затоа што ние имаме сознанија дека новиот директор на „Водовод и канализација“, Александар Атанасов, бил кривично осуден за телесна повреда во 2004 година. Се бираат ли овие директори според списочињата на Јакуловска? – праша Манчевски.

На неговото прашање градоначалникот одговори дека новите директори се избрани по пат на конкурс, откако на старите им истекол мандатот. Врз основа на разговор, додаде, се констатирало дека токму тие ги исполнуваат критериумите и дека се најдобри од пријавените кандидати. Градоначалникот посочи дека веќе е забележано оти новите директори се подобри од старите.

Атанасов во февруари годинава го зазеде местото на Бојан Василев како прв човек на ЈП „Водовод и канализација“, а во исто време Град Скопје направи смена и во Јавното сообраќајно претпријатие каде на местото директор го постави Иван Јанушев по четиригодишното управување на Мишо Николов. Николов сега ја извршува функцијата финансиски директор на депонијата „Дрисла“.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски