Манчевски: Нема да иницираме регулација на порталите

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми со кои што би се регулирала работата на порталите.

Тој сепак најави дека се отворени за сугестии за новиот закон доколку професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа.

– Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, треба да дојдат по барање од медиумските работници. Мислам дека ни треба консензус како општество ако треба да го отвориме ова прашање, истакна Манчевски.

Според Манчевски Македонија има сериозен проблем со лажните вести.

– Ние сме извор на феик њуз на глобално ниво, но работиме заедно и веќе разговарав со претставникот за медиуми на ОБСЕ Харлем Дезир, но и со други наши помагачи како може ова прашање на глобално ниво да го адресираме. Ние како Македонија, како мала земја сме прилично голем играч во областа на феик њуз и во рамки на Глобалниот самит за Западен Балкан што ќе се одржи на пролет ќе има посебен панел само за ова. Ќе ги поканиме сите големи медиуми и меѓународни организации затоа што сакаме заеднички да го дебатираме, истакна министерот Манчевски.

Би можело да ве интересира

Манчевски за денеска најави први резултати по реакциите за непотизам

Македонија и Косово заедно ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

ВИДЕО: МИОА, МП и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Манчевски и Поповски ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите

Наум Локоски

(ВИДЕО) Манчевски: Ќе се бираат заменици директори само на 12 претпријатија формирани од Владата

Наум Локоски

Промовиран нов портал за отворени податоци на институциите

Наум Локоски