Манчевски: Нема да има откази во јавната администрација

Од:

„Нема да има откази во јавната администрација“, изјави денеска министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски. Тој најави дека преку разни начини на реорганизација ќе се обидат да ја направат администрацијата поефикасна. Според Манчевски, во администрацијата реално нема нови вработувања, но има одреден природен одлив. Со анализи кои се предвидуваат во иднина ќе се утврди каде треба да се спроведе преструктурирање, односно реорганизација, за подоцна ако има потреба и нудење на дел од вработените на приватниот сектор.

Манчевски и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Гарет, во просториите на Министерството потпишаа меморандум за соработка со кој почнува импелементацијата на проектот „Модернизација и трансформација на јавната администрација“. Вредноста на проектот изнесува 248.000 фунти. Имплементацијата на проектот ќе трае до крајот на оваа година со можност за продолжување.

Според Манчевски, една од главните делови на реформата на јавната администрација во 21 век е дигитализацијата која исто така ќе биде дел од овој проект.

Амбасадорот Гарет вели дека државната администрација која е во служба на граѓаните игра важна улога за една стабилна и силна демократија, а Британија може да го сподели своето богато искуство во оваа област. „Реформите често бараат тешки одлуки, дополнителни напори и пред сè време. Квалитетот не се постигнува преку ноќ. Но, како државен службеник и самиот секогаш имам на ум бидејќи граѓаните ме плаќаат имам должност и обврска да им служам на најдобар можен начин, а тоа значи да носам тешки одлуки. Тоа важи за Велика Британија, исто колку што важи и за Македонија. Со добри идеи, посветеност и политичка волја заеднички може да најдеме начин државната служба да даде најдобра можна поддршка на своите граѓани“, рече Гарет.

Според Манчевски, станува збор за значителна помош и проект што во голема мера ќе помогне за да се спроведеме функционалната анализа на администрацијата и хоризонталната координација за многу подобро стратешко планирање на сите институции и подготвување на годишните планови.

Би можело да ве интересира

Манчевски за денеска најави први резултати по реакциите за непотизам

Македонија и Косово заедно ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

ВИДЕО: МИОА, МП и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Манчевски и Поповски ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите

Наум Локоски

(ВИДЕО) Манчевски: Ќе се бираат заменици директори само на 12 претпријатија формирани од Владата

Наум Локоски

Промовиран нов портал за отворени податоци на институциите

Наум Локоски