Манчевски негативен на првиот тест за коронавирус

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска на својот профил на Фејсбук објави дека првиот тест за коронвирусот му е негативен, и дека доколку и вториот е негативен од понеделник почнува да оди на работа.

-Првиот тест негативен. Досега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0. Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција. На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот.

Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита, напиша Манчевски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска