Манчевски: Конечно Македонија ќе има стратегија за сајбер безбедност

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска е дел од четвртиот состанокот за донаторска координација во Западен Балкан, што се одржува во Брисел.

Министерот Манчевски зборуваше за приоритетите на Македонија, за интеграција во дигиталниот пазар на Европската Унија.

„МИОА во моментов работи во повеќе различни сфери со цел целосна дигитализација на земјата. За првпат во Македонија подготвуваме национален оперативен план за широкопојасен интернет. Конечно, Македонија ќе има стратегија за сајбер безбедност, на што активно работиме периодов. Исто така, работиме на зголемување на бројот на е-услуги кои ќе бидат дел од првиот национален портал, со цел да се подобри и олесни животот на граѓаните“, информираше министерот Манчевски.

Како што истакна министерот Манчевски, за реализација на овие проекти од особено значење е поддршката на меѓународната заедница и донаторите.

На состанокот министерот информираше и за Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи во Скопје на 18ти и 19ти април. Ги претстави четирите панел сесии кои се дел од официјалната агенда, каде говорници ќе бидат министрите од регионот задолжени за дигиталната агенда, како и експерти во секој од областите.

Дигиталниот самит има за цел да го приближи регионот кон Европската Унија, од дигитален аспект, со намалување на цени на роаминг, размена на искуства, отворање на вратите за единствен дигитален пазар, отворање на можност младите да се преквалификуваат во земјите од ЕУ, и многу дружи можности кои треба да произлезат како заклучоци од овој самит.
Како што истакна министерот Манчевски, на овој начин земјите од регионот ќе влезат во ЕУ, пред официјалното политичко зачленување во европското семејство.

Би можело да ве интересира

Мицкоски, Муцунски и Муртезани во Брисел

Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети, отповикан од амбасадата во Брисел

A1on

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on