(ВИДЕО) Манчевски: Клуч за излез од кризата е Иванов да го даде мандатот на Заев

Од:

– Граѓаните на Република Македонија имаат итна потреба од нова Влада. Претседателот Иванов веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бидејќи тој е клуч за излез од политичката криза во која се наоѓа државата, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Тој смета дека е потребен итен и мирен трансфер на власта, за институциите повторно да профункционираат и исто така потребно е што побрзо распишување на локалните избори.

Во врска со продолжувањето на мандатот на градоначалниците, Манчевски изјави дека за тоа е потребен консензус во Собранието и новата Влада ќе разговара со опозицијата за ова прашање.

На прашањето доколку Иванов не го даде мандатот на Заев, дали пратениците на СДСМ и коалицијата ќе ја изгласаат Владата, тој одговори дека унитарноста на државата никогаш не била загрозена и кога ќе дојде време за тој чекор јавноста ќе биде информирана.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски