Манчевски и Забрчанец во самоизолација поради остварени контакти со Зекири

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и советникот за односи со јавност на претседателот на Владата, Марјан Забрчанец се во домашна изолација поради тоа што имале контакт со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

Манчевски и Забрчанец на своите фејсбук профили информираа дека по препорака на епидемиолозите ќе бидат во самоизолација.

– Согласно препораките на епидемиолозите, поради средбата со мојот другар и колега Мухамед Зекири, во наредните девет дена ќе бидам во самоизолација. На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме. На Муки и семејството им пожелувам брзо закрепнување. На сите други Ви посакувам добро здравје, напиша министерот Манчевски.

И Забрчанец информираше дека е во домашна самоизолација поради тоа што во четвртокот попладне бил на состанок со Зекири. На состанокот, како што пишува, биле применети препораките за физичко растојание, носење заштитна маска и употреба на дезинфекционо средство пред и по состанокот.

– Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата. На Мухамед и семејството им посакувам брзо оздравување. Сите да ги почитуваме доследно мерките и препораките на епидемилозите и на тој начин да се заштитиме самите себе и сите околу нас, напиша Забрчанец на Фејсбук.

Потпретседателот и пратеник на СДСМ Мухамед Зекири вчера соопшти дека тој и неговото семејство се позитивни на КОВИД 19 и апелираше до сите да ги почитуваат здравствените препораки.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски