Манчевски: Груевски нема да може да ги злоупотребува гласовите на 170.000 наши граѓани во странство

Од:

Тоа е прашање за нив. Ние знеме дека тие настапуваат како опозициска партија, во опозициска коалиција меѓутоа сепак прашањето треба да го поставите до нив. Се работи за друга коалиција која настапува посебно на овие избори, одговори Манчевски на новинарското прашање за Љубчо Георгиевски кој најави соработка со ВМРО ДПМНЕ, дали ова е негов обид да се врати повторно на чело на партијата?

Прво фантомски гласачи постојат. Тоа го утврди Државната Изборна Комисија, едногласно со тоа што самите утврдија дека над 30.000 имиња на избирачкиот список, фактички не постојат. Доколку постоеа тие луѓе ќе се пријавеа. Над 170.000 наши граѓани со истите анализи којшто едногласно ги усвои ДИК и членовите на ДПМНЕ, се покажа дека овие луѓе живаеат надвор од Македонија. И доаѓаме до она што цело време го збориме дека во Македонија во моментов има едвај над 1.500.000 гласачи во државата. Она што сигурно ќе се случи е дека на овие избори Груевски повеќе нема да може да ги злоупотребува имињата и презимињата, идентитетите, душите на нашите граѓани коишто се иселиле од државата. Нема да може да ги злоупотребува лажните идентитети коишто иако е 10 години на власт не направи ништо се додека ние не го инициравме тоа и не се спроведе овој процес во ДИК за да се реши овој проблем. Така што овие алиби прес конференции се интересни за нив да го прикријат криминалот којшто толку долго време го криеа.

Знаете како последниве две години се што кажа Груевски и ДПМНЕ испадна, обратно, така што штом тие тоа го викаат сигурно ќе е обратно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, велат од опозициската партија

А1он