Манастирот „Св. Јован Претеча“ слави 1.000 години

Од:

Со големо милениумско чествување, манастирот „Св. Јован Претеча“ во село Слепче, Демирхисарско, ќе обележи 1.000 години од неговото постоење.

Чествувањето е дел од Демирхисарското културно лето, што се одржува првпат и ќе трае три месеци, а чиј уметнички координатор е актерот Игор Џамбазов, кој живее во Слепче.

Манастирот „Св. Јован Претеча“ датира од 7 век, но со чествувањето се прави спој на неговото постоење со смртта на Цар Самуил и со селото Слепче кое опстојувало од порано и е поврзано со трагичната одисеја на ослепените 14.000 војници во битката кај Беласица во 1014 година.

На Културното лето ќе гостуваат театри, ќе се организираат ликовни колонии и проекции на филмови.

Дел од програмата ќе биде и Петровденска поетска беседа на гробот на македонскиот писател Петре М.Андреевски во неговото родно село Слоештица.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите