Манасиевски: Владата на СДС ги собра шарените демонстранти во Министерството за образование

Од:

„Скандалите на лицемерната Влада на СДС секој ден се повеќе растат. Овојпат Владата ги собра шарените демонстранти во Министерството за образование. Оние кои напаѓаа за таканаречена автократија, сега се дел од вистинската автократија.

СДС ги изедначи работните групи на МОН со самоформираните пленуми кои немаат право на одлуки, туку само надворешна контрола на работата на министерството.

Гласните извици на шарените демонстранти да не се користат учениците, студентите и наставниците во дневно политички потреби на политичките партии веќе не се слушаат.

Долгот кој СДС го имаше кон шарените револуционери се исплаќа во експресно брз период. Шарените имаа обиди да и помогнат на СДС да дојде на власт со рушење на ВМРО-ДПМНЕ. Скандалозните протести, бесрамното боење на Скопје и нападите врз полицијата само предизвикаа страв и паника помеѓу населението. Македонија од нив не доби бенефит. Тие добија од СДС работни места од каде што можат на управуваат со државата, токму од влада и министерствата. Толку од невладините организации кои се претворија во владини послушници под капата на СДС.

Оние „шарени“ професори и наставници кои повикуваа да им се врати достоинството и на тоа дека „училиштето не е лабораторија“, откако влегоа во МОН молчат и за промените кои Заев планира да ги спроведува во историските учебници. Деновиве не слушнавме никаков став од нив за тој скандалозен чекор кој Заев и Димитров го договараат со соседите.

Можеби од нив нема да видиме одбрана на државата, но ќе видиме од граѓаните на Македонија. Низата скандали се зголемуваат секој ден. Народот е секој ден повеќе свесен дека СДС не носи добро за иднината на Македонија. Ова со таканаречените невладини организации кои преку ноќ станаа дел од власта, на 15-ти октомври СДС ќе го плати со катастрофален пораз на локалните избори во секој град низ цела Македонија“, изјави Валентин Манасиевски ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски