Манасиевски: Скопјани на 2 ноември избираат пред се човек, а потоа и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе постават нови темели за чисто и модерно Скопје

Од:

Скопјани на 2 ноември ќе изберат пред се човек, а потоа и градоначалник, човек кој знае како да работи за граѓаните. Со Орце Ѓорѓиевски и мнозинството во Советот, ќе ги поставиме темелите на промените што му се потребни на главниот град.

Поддршката што ја добивме од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест и уште поголема обврска. Таа доверба покажува дека граѓаните препознаваат резултати, кои Орце Ѓорѓиевски ги покажа на локално ниво во Кисела Вода, како и на државно ниво каде Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци значително помогна во развојот на општините, рече на прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, координација и побрзо реализирање на ветените проекти, нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и поефикасен јавен превоз.

Од друга страна, петтата партија во Скопје со околу 26.000 гласови, или 3,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ, СДС, доживеа сериозен пад и покажа дека нема доверба кај граѓаните. Наместо да понудат аргументирана критика или пак решенија на проблемите, тие продолжуваат по истата погрешна насока.

Разликата е јасна, ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи чесно, одговорно и транспарентно, а нашите ветувања се реални и остварливи.

Затоа, почитувани граѓани,

На 2 ноември, изборот е едноставен, а тоа е вистинскиот избор, глас за Орце Ѓорѓиевски, глас за бројот 9, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски