Манасиевски: Дали Филипче е изземен од случајот Онкологија, каде што се остварила добивка преку измама во висина од 2,2 милијарди денари

Од:

Во периодот од 2018-2022, кога Венко Филипче бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра. Вчерашната одлука на ОЈО, за завршување на истрагата за случајот Онкологија, каде што се поднесени кривични пријави на две лица, поранешни директори во Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, а ќе се водат истраги и против лекари кои биле вмешани во случајот, додека омилениот обвинител на СДС и ДУИ, Гаврил Бубевски, не покренува истрага против Филипче, иако Филипче самиот директно или индиректно, има дозволено системски башибозук и непочитување на шеесетина законски одредби, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Според членот 295 од Законот за здравствена заштита, каде што се вели, цитирам „Надзор над законитоста на работата на здравствените установи врши Министерството за здравство“, што значи дека Филипче бил директно одговорен за истото.Одиме понатаму, го прашуваме Филипче, а обвинителството треба да истражи, а не да затвора случаи, дали Филипче знаел дека не се дава онколошка терапија и дека одреден дел се крадел и според информации кои се во јавност, продавани дури на црниот пазар во Косово? Дали Филипче имал преглед дека немало следливост на онколошката терапија или бил соучесник во истите? Исто така, Филипче да одговори за долгот на Онкологија од 12 милиони евра? И да не заборавиме, дали сето ова што се случуваше на Онкологија, беше само за компаниите блиски до Филипче, да продаваат лекови и терапии, по екстремно високи цени за граѓаните кои треба да примат онколошка терапија, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче од Гевгелија: Народот живее тешко, инфлацијата е до плафон, а власта не презема ништо

Филипче од Дојран: Оставивме дела, а не зборови, Ристо Џинев е гаранција за развој и нови проекти

Горан Наумовски

Филипче со порака до Мицкоски: Македонија не е твој експеримент, ниту твој вилает

Горан Наумовски