Малолетник сакал да биде Трајко Вељаноски

Од:

17-годишниот К.К. од Струмица сакал да биде во улогата на прв парламентарец.

Малолетникот, преку „Фејсбук“ ги злоупотребил податоците на претседателот на Собранието на Македонија, Трајко Вељаноски

Единицата за Компјутерски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР поднела кривична пријава против малолетниот К.К.(17) од Струмица, за кривично дело злоупотреба на лични податоци.

Во текот на август минатата година, без знаење и согласност на оштетеното лице кое е функционер во Собранието на Македонија, извршил злоупотреба на личните податоци така што преку интернет симнувал јавно објавени фотографии, соопштува МВР.

Преку „Фејсбук“ освен што објавувал текстуални содржини, ширел и познанства, а имал и разговори со повеќе лица на кои им се претставувал со името на функционерот.

Полицијата од одговорните лица на социјалната мрежа за дружење „Фејсбук“ побарала податоци за ИП-адресата од која е креиран и одржуван наведениот профил и притоа биле добиени логови на ИП-адреси за бараниот профил. Со дополнителните проверки била утврдена и локацијата од каде што се објавувале содржините на профилот, односно било констатирано дека 17-годишникот тоа го правел од својот дом во Струмица.

По претресот, во домот на малолетникот  било пронајдено и одземено компјутерско куќиште од кој пријавениот пристапувал на интернет и истото е доставено на вештачење во Одделот за криминалистичка техника во МВР.

Пронајдени се и веб-страниците на интернет од каде што се симнати фотографии, подоцна користени при креирање на профилот, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи