Малолетник го симнал македонското знаме од бандера и го влечел по земја

Од:

Малолетник од Скопје во средата вечерта, еден час по полноќ го симнал македонското знаме од бандера и го влечел по земја, соопшти МВР.

Македонското знаме било поставено на бандера заедно со албанското знаме на улица „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир.

Но, додека малолетникот го влечел македонското знаме, наишол полицаец. Против шеснесетгодишниот Е.С. е поднесена кривична пријава за неовластено отстранување, кинење, замачкување или оштетување на државните симболи на Македонија.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип