Малолетници предизвикале пожар при собирање отпад

Од:

Тројца малолетници предизвикале пожар вчера попладне на тревна површина под касарната „Илинден“ во Скопје додека собирале отпад и се ваделе бакар од жици. Пожарот, којшто зафатил 200 метри квадратни тревна површина, е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, вчера околу 17 часот по пријава за пожар на отворен простор на бул. „Никола Карев“, под касарната Илинден, во непосредна близина на реката Вардар, полициски службеници од СВР Скопје на лице место затекнале две лица, едно на возраст од 25 години и десетгодишно дете.

– Затекнатите лица се повикани во полициска станица каде со нив е извршен службен разговор во кој појасниле дека малолетникот заедно со уште две непознати малолетни лица на местото собирале отпад и со намера од жици да извадат бакар го запалиле отпадот, по што настанал пожарот, соопштуваат од МВР.

Додаваат дека 25-годишникот кој бил вујко на малолетникот не е инволвиран во настанот, туку дошол на местото барајќи го внукот, го забележал пожарот и почнал да го гаси.

По извршените разговори лицата се ослободени, за настанот е известен дежурен Јавен обвинител за малолетници од Основното Јавно обвинителство Скопје, а од страна на Секторот за внатрешни работи ќе биде поднесен соодветен поднесок – Известување до надлежното ОЈО Скопје.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски