Малолетници повредени во сообраќајна несреќа во Кочани

Од:

Едно малолетно лице е потешко повредено, а четворица се полесно повредени во сообраќајна несреќа на патото Пониква-Кочани кога автомобилот им излетал од патот.

Несреќата, според полицијата, се случила изутринава околу 5 часот и 15 минути на регионалниот пат Пониква – Кочани кај месноста викана Бела земја. Автомобил „Голф“ со кочански регистарски таблички управуван од 17 – годишен малолетник од Кочани, кој немал возачка дозвола, излетал од патот. Со него  во колата биле четири малолетни лица  на возраст од 17 години од Кочани.

Според соопштенито од СВР Штип, во сообраќајната несреќа возачот и сопатниците се здобиле со телесни повреди. Притоа еден од нив поради сериозноста на повредите е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, едно е задржано на лекување во болницата во Кочани, а останатите се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место по овластување на Општинското Јавно Обвинителство е направена од страна на увидна екипа на ПС Кочани при СВР Штип.

Ова е втора сообраќајна несреќа на овој пат за една недела. Пред една недела таму загина трудница.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски