Малолетници опожариле кров од катна гаража, нема повредени

Од:

Вчера во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.

Тие постапувале по претходна пријава дека предизвикале пожар на кров од катна гаража.

„Тие биле затекнати на местото и од нив бил одземен предметот со кој го предизвикале пожарот“, соопшти МВР.

Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Тепачка меѓу малолетници во Скопје заврши со пукање