Малолетници дрско краделе златен накит од постари жени

Од:

МВР расчисти уште една серија дрски кражби на подрачјето на Скопје. Фатени се тројца малолетници кои напаѓале женски лица, крадејќи им го златниот накит.

СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје ги предаде малолетните лица М.К (17), А.Ј. (16) и еден помал 13 годишен малолетник поради основано сомнение дека во периодот од крајот на мај годинава до средината на овој месец на подрачјето на Скопје а со намера да се стекнат со противправна имотна корист извршиле вкупно 16 кривични дела. Истражен судија им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Пријавените заедно или во пар на повеќе локации на подрачјето на Скопје, по правило одбирале постари женски лица како потенцијални жртви на кои што со приоѓање од зад грб им ги кинеле златните синџири од вратот или им ги истегнувале чантите од раце, а во еде случај со туркање на оштетената на земја од раката и ја земале златната алка. По нападите веднаш бегале од местото на настанот а украдените предмети со помош на на лицето Р.Р. (22) (по кого полицијата трага) ги продавале во разни златарски дуќани во Старата чаршија во Скопје.

По првевземенети мерки сторителите се откриени и приведени во ПС Кисела Вода, а пронајдени се дел од украдените предмети кои им се вратени на оштетените сопственици. Инаку пријавените во крим евиденцијата се регистрирани како сторители на повеќе кривични дела.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски