Малолетен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Од:

17-годишник од Скопје со тешки телесни повреди е сместен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ откако учествувал во сообраќајна незгода вчера вечер на крстосницата на улиците „Индира Ганди“ и Вашингтонска’. Второто возило во несреќата бил автомобил „мерцедес“ кој гу управувал 55-годшниот А.У.

– На 17.04.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и ул.„Вашингтонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од А.У.(55) од Скопје и мотоцикл „априлија“, управуван од 17-годишник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски