Согласно информациите од Македонски железници, поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железнички сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 15:25 часот – и патнички и товарен.
Но, патувањето сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици – Градско и Криволак, патниците се превезуваат со автобуски превоз.
Експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден планирано е да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи.