Малиот Лука и семејството во среда одат за Истанбул

Од:

Со големо задоволство Ве известуваме дека после првата хуманитарна забава за малиот Лука организирана од ЈП Паркинзи на Општина Центар во Brick Bar, голем број на здруженија, институции и поединци исто така се вклучија да помогнат и преку разни хуманитарни акции собираа средства за неговото лекување.

Сега, парите за операцијата се собрани и семејството Јовановски оваа среда заминуваат за Истанбул!

Сепак, покрај средствата за операција, има и дополнителни трошоци, како оние за пат, сместување и основни потреби на најблиските на Лука.
Затоа, не застануваме!

Во текот на оваа недела кутујата за донации ќе биде поставена во Lounge Bar Every Day на ул. Новопроектирана бб Скопје (веднаш до ПИОМ), каде што можете да ги вкусите прекрасните италијански и домашни рецепти или едноставно да го испиете вашето омилено кафе и да донирате за Лука.

Исто така, Ве потсетуваме на броевите за помош:
ТЕЛЕКОМ 143 144
оне.ВИП 143 485

и сметката за донации:
380176980603113
Име и презиме: Игор Јовановски
Прокредит банка

На вчерашната средба, семејството Јовановски упати голема благодарност до ЈП Паркинзи на Општина Центар за хуманитарната забава, после која, веста за операцијата на Лука молскавично се прошири низ сите медиуми. Семејството се заблагодари и на сите хумани граѓани кои во свои можности го дадоа својот дел за лекување на нивното детенце.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска