Мал пожар во една од собраниските куполи, нема штета

Од:

Во една од куполите на Собранието на Република Македонија каде што се уште се извршуваат градежни работи изутринава се појавил мал пожар кој е саниран.

При заварување на челичната конструкција искра паднала на термичката подна изолација, соопштија од Собранието. Веднаш е увидено, реагирано и санирано. Имало само чад бидејќи се работи за затворен простор. Материјална штета не е направена.

Благоја Менковски од Противпожарната единица потврди дека настанот се случил при заварување.

Пред службениот влез на Собранието на Република Македонија имаше две противпожарни возила. Во зградата во моментов се уште нема електричната енергија.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче